Се канат странски инвеститори во Кичево

Bez autora
Aug 23 2012

Крај Кичево, во месноста Србјани, започна изградбата на новата технолошко-индустриска развојна зона која по тетовската е втора во западниот дел на Република Македонија или петта од 11-те планирани во земјава. Премиерот Никола Груевски кој со владин тим присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на ТИРЗ "Кичево", очекува силен интерес кај многу странски инвеститори да изградат фабрики во оваа економска зона. Кичево и околината ќе видат голема полза од оваа зона во која ќе најдат вработувања голем број луѓе. Таа ќе биде и одлична поддршка на факултетите во Кичево од каде ќе се регрутираат идните кадри во капацитетите кои ќе работат во "ТИРЗ Кичево". Досега вакви зони се изградени и веќе функционираат во околината на Скопје и Штип. Планирано е да се градат во Тетово, Ранковце, Струга, Прилеп, Гевгелија и Кичево, а наскоро ќе се основаат и ТИРЗ во Струмица и Радовиш.

Се канат странски инвеститори во КичевоКрај Кичево, во месноста Србјани, започна изградбата на новата технолошко-индустриска развојна зона која по тетовската е втора во западниот дел на Република Македонија или петта од 11-те планирани во земјава.

Премиерот Никола Груевски кој со владин тим присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на ТИРЗ "Кичево", очекува силен интерес кај многу странски инвеститори да изградат фабрики во оваа економска зона.

- Кичево и околината ќе видат голема полза од оваа зона во која ќе најдат вработувања голем број луѓе. Таа ќе биде и одлична поддршка на факултетите во Кичево од каде ќе се регрутираат идните кадри во капацитетите кои ќе работат во ТИРЗ Кичево" - посочи Груевски.

Досега вакви зони се изградени и веќе функционираат во околината на Скопје и Штип. Планирано е да се градат во Тетово, Ранковце, Струга, Прилеп, Гевгелија и Кичево, а наскоро ќе се основаат и ТИРЗ во Струмица и Радовиш. Вицепремиерот Владимир Пешевски очекува ефекти од изградбата на зоната во Кичево како од оние во Бунарџик.

- Досега се инвестирани над 300 милиони евра во изградба на зоните во кои се креирани над неколку илјади нови вработувања, а целта е рамномерен развој во државата. Во услови кога владее економска криза во Европа и каде што ние преземаме голем број чекори и мерки за подобрување на животниот стандард на македонските граѓани и за надминување на ефектите од кризата, отворањето на оваа зона е дел од тие напори - рече Пешевски.

Министерот за економија, Ваљон Сараќини се надева дека за кусо време ќе се присуствува на означување на стартот на нова инвестиција во Кичево. Според директорот на Дирекцијата за изградба на ТИРЗ Виктор Мизо, зоната во Кичево ќе биде изградена според стандардите како и останатите зони во Македонија од кои Скопје 1" и Скопје 2" се вброени меѓу 50-те најдобри зони на иднината по изборот на ФТИ" магазинот во конкуренција на вкупно 600 слободни економски зони.

Груевски со владиниот тим го пушти во употреба новиот систем за транспорт и депонирање на пепелта од РЕК "Осломеј", инвестиција на АД Електрани на Македонија.

- Инвестицијата е вредна 4,7 милиони евра и значително ќе го подобри квалитетот на животната средина, ќе го реши проблемот со загадувањето на воздухот и на обработливите површини што гравитираат околу термокапацитетот - изјави генералниот директор на АД-ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

Досегашното депонирање на пепелта се вршеше со технологија на суво отпепелување на депонијата што се наоѓа на ридот над термоелектраната. Со новиот екосистем транспортот од депонијата до рудникот "Осломеј Исток" на растојание од околу 4 километри ќе се врши со водено отпепелување односно со хидрауличен систем. Со пуштањето во функција на овој модерен екосистем за отпепелување целосно се избегнува разлетувањето и растурањето на пепелта во воздухот при транспортот и депонирањето.

Премиерот Никола Груевски најави дека паралелно со инвестицијата во областа во електроенергетскиот систем, Владата ќе продолжи со инвестиции за модернизација и ревитализација на веќе постоечките капацитети за производство на електрична енергија.

- Од особено значење за економијата на една држава е постоењето и функционирањето на капацитети за производство на електрична енергија. РЕК Осломеј е еден од тие капацитети со моќност од 125 мегавати на час и при редовно производство испорачува електрична енергија од 660 милиони киловат-часови што е 9% од вкупното производство на електрична енергија во Република Македонија. Но, сепак постојат поголеми значења при функционирањето да се обезбеди максимална заштита на животната средина и на здравјето на луѓето - рече Абдулахим Адеми, министер за животна средина.

Проектот го реализираше реномираната компанија "Енергоинвест" од Сараево која е избрана преку транспарентна меѓународна постапка. Термоелектраната на РЕК Осломеј работи од 1980 година, а нејзината продукција на пепел и згура на годишно ниво изнесува околу 300 илјади тони или илјада тони дневно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik